Ако го мине Шамрок, Шкупи ќе игра со поразениот од Карабах-Ференцварош

Денеска во Нион беше извршена ждрепката за плеј-офот во Лигата на Европа. Шкупи доколку го мине тимот на Шамрок, ќе игра таму и ќе се сретне со поразениот од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите меѓу Карабах и Ференцварош.

Шкупи игра со Шамрок во четврток и во вторник, а првиот меч е на гостински терен, па потоа реваншот во Скопје.

Тимот од Чаир во ЛШ го елиминираше тимот на Линколн, а беше елиминиран од Динамо Загреб во 2. квалификациско коло. По оние 2-2 во Загреб, во Скопје беше 0-1 за хрватската екипа.

Доколку Шкупи не успее да го мине Шамрок, тогаш продолжува во плеј-офот во Лигата на конференции.

Се вчитува...