Ако Миротиќ заврши во Партизан, Звезда ќе го доведе Шенгелија

Весникот „Кориере ди Болоња“ носи информација според која Звезда се уште смета на тоа дека би можела да го убеди Миротиќ да потпише, но има подготвен и „план Б“.

Веќе се зборуваше, во доменот на шпекулациите цело ова време, дека Звезда го има на ум Торнике Шенгелија и тоа само ако Никола Миротиќ тргне во друга насока и потпише со големиот ривал Партизан.

Во случај Звезда и Миротиќ да не соработуваат, пишува овој весник, клубот од Мал Калемегдан целосно би се насочил кон Шенгелиа и сите свои преговарачки ресурси би ги пренасочил кон Грузиецот.

Шенгелија минатата сезона во Евролигата имаше просек од 9,4 поени, 3,1 скока и 3,1 асистенции по меч.

Звезда веќе донесе неколку играчи ова лето. Пристигнаа Дејан Давидовац, Милош Теодосиќ, Адам Ханга, Марко Симоновиќ, Рокас Гидраитис, Џоел Боломбој, Мајк Тоби и Шабаз Нејпиер.

Се вчитува...