Ако мислевте дека дресот на Милан е ужас, погледнете на што личи оној на Јувентус (видео)

Италијанските гиганти како да се натпреваруваат кој ќе измисли дизајн на дрес со кој ќе ги разочара своите фанови. Милан се надмина со новиот дизајн на црвено-црни риги преку бела површина на дресот, но „росонерите“ дефинитивно ќе паднат на второ место на листата на најгрди дресови за наредната сезона, откако денеска Јувентус се „пофали“ со својата четврта комбинација.

Најтрофејниот италијански клуб е препознатлив по црно-белата комбинација, и во минатото има изненадувано со други варијанти на резервните дресови, но се чини овојпат се надмина промовирајќи го синиот дрес во комбинација со бела и портокалова боја.

„Кога фудбалот ќе се запознае со уметноста… Редефинирање на боите“, беше напишано на официјалниот твитер-профил на Јувентус крај видеото со кое се промовираше новиот дрес.

Се вчитува...