Како што се ближи датумот 26 октомври кога официјално ќе биде соопштен добитникот на „Златната топка“ за минатата сезона, така се зголемува и бројот на кандидати кои самите си се номинираат во оваа трка.
Мбапе направи конфликт со Дембеле со изјавите дека заслужува да биде лауреат на оваа голема награда, Јамал имаше што да каже за своите шанси, а последен што јавно говореше на темата е Фабијан Руиз.
Играчот за врска е единствениот што летово стана европски клупски првак (со ПСЖ) и светски шампион (со репрезентацијата на Шпанија), поради што смета дека има сосема реални шанси да дојде до наградата.
„А зошто да не можам јас да ја освојам Златната топка. Гледајќи тимски, бев фудбалер со најмногу освоени трофеи, презадоволен сум од она што го остварив, бев важна алка и во тимот на ПСЖ и во шпанската репрезентација. Кога можеше Лука Модриќ како играч за врска да стигне до оваа награда, не гледам зошто тоа не би било случај и со мене. Лука и Родри беа добитници на признанието, покажаа дека несекогаш станува збор само за бројот на голови и асистенции, туку и за влијанието врз самата игра“, истакна Руиз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
