„Ако Усман Дембеле не ја освои „Златната топка“, тогаш има проблем“, рече претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Келаифи, во пресрет на четвртфиналето на Светското клупско првенство против Баерн Минхен .
Тој кажа дека после одличната сезона, и освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите, играчот на ПСЖ заслужува да се закити со ова признание.
„Со неверојатната сезона што ја имаше, нема сомнение дека Усман треба да ја освои. Ако не ја освои, нешто не е во ред. Направи сè што е можно“, смета сопственикот на Парижаните, осврнувајќи се на одлучувачкото влијание на францускиот репрезентативец врз овогодинешните европски шампиони со 33 гола и 15 асистенции.
„Секако, тоа е важно за клубот, но најважно е сите да играат за тимот“, додаде Ал-Келаифи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА