Аларм во Денвер – Се повреди Никола Јокиќ!

Кошаркарите на Денвер Нагетс ќе играат против Минесота престојнава ноќ, но според информациите од американските медиуми ќе бидат сериозно ослабени против дивизискиот ривал – без својот најдобар кошаркар Никола Јокиќ!

Како што објави клубот на социјалните мрежи, Никола Јокиќ е повреден.

Јокиќ има проблеми со левиот зглоб и потенцијално ќе го пропушти тој натпревар, иако сè уште има шанса Никола да игра.

Од друга страна, Кристијан Браун дефинитивно ќе биде надвор од теренот поради повреда на левиот зглоб, а Кам Џонсон има повреда на десниот бицепс и исто така нема да игра.

Се вчитува...