Алавес оди на мегдан на Барселона во финалето на Купот на Шпанија

Алавес ќе игра во финалето на Купот на Шпанија и ќе ги одмери силите со Барселона, откако овој тим успеа да ја елиминира Селта, совладувајќи ја со 1-0 на домашен терен. Првиот дуел во Виго заврши без голови, па погодокот што го постигна Едгар Мендез во 82.минута се покажа како круцијален за пласманот на Алавес во големото финале. Тоа ќе биде историски прв настап за Алавес во финалето на Кралскиот куп.

Интересно е дека Едгар Мендез влезе во игра само три минути пред да го постигне погодокот и се покажа како вистински џокер во редовите на Алавес.

Édgar Méndez Goal HD – Deportivo Alaves 1-0… by Kumi-4

Се вчитува...