Промената на тренерското место во Барселона не донесе позитивна „шок терапија“ па каталонците се соочија со уште еден кикс, овој пат вреден само еден бод против „фенерџијата“ Алавес на домашен терен (1-1).
По натпреварот капитенот на Барселона, Џорди Алба не го криеше незадоволството од прикажаното на теренот. Според Алаба ова е недозволиво за ваков тим, но тој верува дека работите ќе бидат подобри.
„Многу лош резултат. Сакавме да освоиме три бода пред нашите навивачи. Ова е лошо и недозволиво за Барселона. Сакаме да ги надминеме овие тешки моменти, да бидеме се подобри од натпревар во натпревар, но ни недостасува реализација. Мора да напреднеме во сите сегменти на играата па тек потоа ќе дојдеме со бодови и подобри резултати. Верувам дека ќе се извлечеме од ситуацијата“, изјави Алба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА