Албанците најавуваат: Ернест Ѓока ќе биде тренер на Шкендија?

Албанскиот стратег Ернест Ѓока треба да биде новиот тренер на актуелниот првак Шкендија. Ова го најавуваат медиумите кај нашиот западен сосед истакнувајќи дека раководството на Шкендија упатило официјално понуда до Ѓока за да го преземе кормилото на тимот во оваа репрезентативна пауза. Можно е тој уште утре да допатува во Тетово на финални преговори.

Ернест Ѓока е поранешен тренер на Кукс, а во кариерата ги водел и Камза, Фљамуртари и Влазнија.

Шкендија ја почна сезоната со Ќатип Османи, кој се раздели со тетовскиот тим по слабиот старт и лошите резултати претходно во Европа, а потоа кормилото го презеде Еркан Селими. Но, по ремито со Вардар во дербито и заостанувањето од девет бода во однос на лидерот најверојатно ќе придонесат за ангажман на нов стратег.

Се вчитува...