Алегри: Ајакс беше подобар, а ние се исплашивме…

Масимилијано Алегри ги отфрли гласините дека летово ќе си замине од клупата на Јувентус објавувајќи дека дефинитивно ќе остане на клупата на „старата дама“ и за наредната натпреварувачка сезона. Трофејниот стручњак беше поврзуван со Реал Мадрид пред да биде ангажиран Зидан, интерес покажуваа и клубови од Англија, но тој е дециден околу својата иднина.

„Се сретнав со претседателот Ањели пред неколку дена и му соопштив дека својата иднина ја гледам во Јувентус. Тој беше задоволен од ваквата одлука, така што продолжуваме заедно. Во следните неколку дена ќе седнеме и ќе дискутираме од деталите околу иднината на заедничкиот проект“ – изјави Алегри.

Што се однесува до синоќешниот пораз, тој му честиташе на Ајакс на заслужениот пласман во полуфиналето.

„Ајакс апсолутно го заслужи ова полуфинале. Ние игравме добро во првото полуврем, но потоа се исплашивме. Примивме гол, станавме премногу нервозни и не успеавме да се вратиме во мечот. Роналдо беше одличен овој двомеч, но за да го минете четвртфиналето од Лигата на шампионите мора сите играчи да бидат на висина на задачата“ – истакна стратегот на Јувентус.

Се вчитува...