Алегри: Ајакс игра одлично на гости, мораме да внимаваме

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри, очекува отворен натпревар против Ајакс, во реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите кој ќе се игра вечерва во Торино.

„Првиот меч не е важен. Мораме да играме, како што игравме против Атлетико Мадрид. Ги почитуваме Ајакс, но знаеме како треба да играме. Очекувам натпреварот да биде отворен, бидејќи двата тима ќе одат на победа. Ќе биде тоа многу важен меч за нас, бидејќи ако победиме ќе се пласираме во полуфиналето. Во осминафиналето тие играа подобро на гости отколку дома. Ќе мораме да внимаваме и добро да се браниме“, изјави Алегри. 

Првиот натпревар во Амстердам заврши без победник 1-1, а мечот на „Јувентус арената“ во Торино се игра вечерва, со почеток во 21 часот.

Се вчитува...