Италијанскиот првак Јувентус нема намера да го продаде Алекс Сандро ова лето. Тренерот Масимилијано Алегри уште еднаш јавно тоа го потенцираше, сакајќи да му стави до знаење на Челси и неговиот менаџер Антонио Конте дека залудно се обидуваат да стигнат до неговиот потпис.
„Нема никаков случај „Алекс Сандро“. Тоа само некој сака да го прикаже на таков начин. Бразилецот е фудбалер на Јувентус и ќе остане во Торино сигурно за претстојната сезона. Клубот нема намера да продава дел од важните фудбалери во тимот“, изјави Масимилијано Алегри, по синоќешниот дуел со Рома во Соединетите Американски Држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА