Алегри чека „кикс“ на Солскјер

Масимилијано Алегри е подготвен да му се врати на фудбалот, и тоа како менаџер на Манчестер Јунајтед. Италијанскиот стратег е заинтересиран за преселба во Премиер-лигата, а „ѓаволите“ веќе подготвуваат понуда токму овој трофеен стручњак да го наследи Солскјер, промена што би можела да се случи во следните десетина дена.

Расте незадоволството во таборот на Манчестер Јунајтед поради слабите игри и резултати на стартот од новата сезона, а Оле Гунар Солскјер ги троши последните кредити кај управата на најтрофејниот англиски клуб. Поразот од Вест Хем уште повеќе го зголеми притисокот врз Норвежанецот, кому во случај на нов неуспех експресно ќе му биде врачен отказ. Во прилог не му оди ниту распоредот, во следното коло „црвените ѓаволи“ го пречекуваат Арсенал, меч што ќе претставува „да се биде или не“ за Солскјер.

Не се исклучува ниту можноста до разделба да дојде за време на репрезентативната пауза, со што новиот стратег би дебитирал на клупата на Јунајтед на големото дерби против Ливерпул, закажано за 20 октомври.

Се вчитува...