Алегри: Лигата на шампиони е сон, а не цел на Јувентус

Тренерот на Јувентус, Максимилијано Алегри пред дерби натпреварот со Барселона во Лигата на шампиони, истакна дека Лигата на шампиони е сон за Јуве, а не цел кој се обидуваат да го остварат секоја сезона. Алегри вели дека неговите фудбалери треба многу да работат за да го остварат тој сон.

„Последните три години за нас беа фантастични, стигнавме два пати до финалето на ЛШ. Првиот пласман беше малку изненадувачки, додека вториот пат имавме голема надеж дека ќе го освоиме пехарот. Не успеавме да го оствариме тоа, но мислам дека и двата пласмани и натаму се сметаат за успех, бидејќи не секој клуб успева да обезбеди пласман во завршницата на најелитното клупско натпреварување. Затоа не може да ни биде цел да ја освоиме Лигата на шампиони, тоа е сон за секого, сон за кој треба напорно да се работи со години. Јувентус секогаш се обидува да биде меѓу најдобрите осум тимови во Европа. За да се биде меѓу најдобрите, треба да се ангажираат врвни фудбалери, а јас сметам дека овој клуб навистина добро си ја врши работата во тоа поле“, истакна Алегри.

Се вчитува...