Алегри: Не ни треба замена за Бонучи

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри категорично потенцира дека на неговиот тим не му треба замена за Леонардо Бонучи кој се одлучи да се пресели во редовите на големиот ривал Милан, токму поради судирот со Алегри.

Иако Бонучи изминативе сезони беше еден од клучните играчи на тимот, Алегри не размислува да донесе нов стопер.

„Тоа што моментално го имам, што се однесува до дефанзивата, ни е сосема доволно. Не ни треба замена за Бонучи затоа што имаме квалитетни стоопери. Единствено ако се отвори некоја супер можност за доведување квалитетен фудбалер тогаш во ред, но вака нема беспотребно да трошиме пари“ – вели Алегри.

Се вчитува...