Алегри потврди заминување на играчот: „Не тренира веќе со нас“

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека фудбалерот Арон Рамзи го напушта клубот. Овој 31-годишен играч веќе долго време покажува интерес да си замине од Торино, а сега Алегри потврдува дека следната недела ќе го напушти клубот.

„Арон не е веќе со нас, и се подготвува да го напушти клубот“, соопшти Алегри.

Велшанецот го напушта Јувентус за кој одигра 70 натпревари со шест постигнати голови. И натаму не е познато каде ќе ја продолжи кариерата, но веројатно ќе се врати во Премиер-лигата.

Се вчитува...