Алегри разочаран од Пјаца: Мора да разбере некои работи…

За услугите на Марко Пјаца во текот на летото се интересираа бројни клубови ширум Европа, но капитенот на Динамо Загреб реши кариерата да ја продолжи во Јувентус. Почетокот од оваа авантура е далеку под очекувањата, Пјаца имаше и проблеми со повреда, па ретко добиваше шанса да ги покаже своите квалитети. Згора на тоа, тој со својот однос го разочара тренерот Масимилијано Алегри, кој денеска отворено го критикуваше младиот хрватски офанзивец.

Пјаца е фантастичен фудбалер, но време е да разбере некои работи. Тој мора напорно да работи доколку сака да напредува, да поправи одредени сегменти во својата игра бидејќи не е се во техниката. Ако сака да стане голем играч, тој мора повеќе да се труди, како на натпреварите, така и на тренинзите“ – изјави Алегри.

Марио Манџукиќ поради суспензија ќе го пропушти следниот натпревар против Палермо, а Алегри за казна нема да му укаже шанса на Пјаца во стартниот тим иако станува збор за меч на кој младиот Хрват би можел да добие можност, бидејќи дел од клучните играчи ќе добијат одмор пред дуелот со Порто во Лигата на шампионите.

Се вчитува...