Алегри се подготвува: Не зборувам добро англиски, ама учам

Поради се погласните шпекулации, особено во англиските медиуми дека Масимилијано Алегри ќе го преземе Манчестер Јунајтед тој мора да одговара на прашања околу потенцијалниот ангажман. Поранешниот тренер на Јувентус наводно е изборот за замена на Оле Гунар Солскјер, а веќе бил направен и инцијалниот контакт.

„Не зборувам добро англиски, ама… учам“ – одоговри Алегри на прашањето за менаџерската позиција во Манчестер Јуанјтед.

Откако се раздели со Јувентус, Алегри е без англажман и постојано е поврзуван со тренерските позиции во големи европски клубови. Манчестер Јуанјтед во пресрет на дербито со Ливерпул има само два бода повеќе од зоната на испаѓање додека Ливерпул е со осум бода предност на врвот на табелата.

Се вчитува...