Алекс Морган ќе игра на Олимписките игри во Токио три месеци по породувањето

Американската фудбалска репрезентативка, Алекс Морган, најави дека ќе биде во националниот тим за Олимписките игри во Токио следното лето иако ќе го роди првото дете во април наредната година. 30-годишната Морган беше на врвот на листата стрелци на последното Светско првенство на кое нејзината репрезентација го одбрани златото. Нов селектор на САД е македонскиот стратег Влатко Андоновски.

Мојата цел е да играм во Токио. Времето навистина е кратко, но ако биде се во ред би сакала да ја претставувам мојата земја“ – изјави Морган.

Таа и сопругот, фудбалерот Сервандо Караско обајвија дека очекуваат девојче. Терминот на раѓањето е во април, а Морган практично ќе има само три месеци да се врати во форма и да биде во американската репрезентација.

Морган игра за Орландо Прајс, за националниот тим има постигнато 107 гола на 169 натпревари. Во 2016, 2017 и во 2019 година беше во 11-те најдбри во изборот на ФИФПро, а во 2017 година кога беше во Лион ја освои Лигата на шампионките. Олимписките игри официјално почнуваат на 24 јули, фудбалскиот турнир тргнува два дена порано.

 

 

 

 

Се вчитува...