По разочарувачкиот старт на сезоната во која беше запишана само една победа во седум натпревари Гостивар се одлучи за промена на тренерската позиција од која заминува Љупчо Малинков. Веќе е и познат неговиот насленик, а тоа е Александар Петровиќ кој за прв пат ќе го предводи „сино-белиот“ табор.
Искусниот 53-годишник последниот ангажман го имаше во редовите на Пелистер, а претходно беше дел од шампионскиот МЗТ Скопје, клуб кој го предводеше во три мандати.
Покрај овие два клуба бележеше успех и на клупата на Карпош Соколи, Куманово и Академија ФМП.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

