Селекторот на репрезентацијата на Казахстан, Али Алиев, по поразот од Македонија од 0-1 во Астана во квалификациите за СП 2026, нагласи дека неговата селекција не заслужила пораз на овој дуел. Но, фудбалот е немилосрден кога нема да ги искористите своите шанси.
„Длабок поклон на момците кои излегоа денес и кои се подготвуваа за овој натпревар – тие дадоа сè од себе на теренот денес. Ветивме дека ќе се бориме за земјата, за знамето, а денес навивачите видоа бескомпромисна, светла, жива борба насекаде од теренот. За жал, среќата не беше со нас. Мислам дека навивачите кои дојдоа денес и кои гледаа пред екранот – беа задоволни. Верувам дека не заслуживме пораз, но ни треба повеќе тактики, повеќе дисциплина за да стигнеме до позитивните резултат. Верувам дека со текот на времето ќе пристапиме кон ова и ќе се обидеме да бидеме конкурентни на европската сцена“ – рече Алиев.
Сепак, факт е и дека македонските репрезентативци веќе се завршени првенства со своите клубови за сезонава, а казахстанското првенство е во полн ек, што значи дека тие се во натпреварувачка форма а не успеаја да стигнат до позитивен резултат.
„Генерално, во однос на квалитетот на играта, мислам дека теренот со вештачка трева создаде одредени проблеми. Да, нашите репрезентативци се во ритам и тоа се виде во второто полувреме во кое бевме подобри од противникот, но не успеавме да постигнеме гол. Сепак, немам што да им замерам на играчите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА