Алиоски асистира, Лидс до нова гостинска победа

Лидс прокнижи нови бодови на премиерлигашката табела откако славеше на гостински терен против Барнли со убедливи 0-4, дуел на кој Езгијан Алиоски асистираше при еден од погодоците на својот тим.

Клих го отвори резултатот пред крајот на првото полувреме, по што во вториот дел Харисон зголеми на 0-2, на асистенција на Алиоски. Дебаклот на Барнли беше комплетиран откако „резервистот“ Родриго веднаш по влегувањето во игра постигна два погодоци, за печат на убедливиот триумф на Лидс.

Се вчитува...