Алиоски асистира – Лидс победува (видео)

Езгијан Алиоски уште еднаш покажува дека се наоѓа во извонредна форма, откако токму македонскиот фудбалер беше креатор на првиот погодок на тешкото гостување на Лидс во Лондон против Квинс парк ренџерс (1-3).

Токму Алиоски со прекрасна асистенција го проигра Руф за првиот гол за Лидс, за потоа истиот фудбалер до крајот на мечот да стигне и до хет-трик, за огромни три бода за тимот од „Иланд роуд“.

Се вчитува...