Алиоски асистира, Лидс со лекција за Тотенхем (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски одигра одлична партија во победата на Лидс од 3-1 против Тотенхем во 35. коло од Премиерлигата.

Алиоски беше асистент и на вториот погодок на Лидс за водство од 2-1 во 42. минута, кој го постигна Бамфорд.

Претходно, Лидс поведе со погодокот на Далас во 13. минута, а Сон израмни во 25. минута.

Конечната победа за Лидс од 3-1 ја донесе Родриго во 84. минута.

 

Се вчитува...