Лидс јунајтед го запиша првиот неуспех сезонава во Чемпионшип лигата со поразот од Бирмингем. Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го постигна почесниот гол за Лидс на тој меч, но крилниот офанзивец е свесен дека има простор и за напредок во неговата игра.
Алиоски за англиските медиуми призна дека менаџерот Марсело Биелса бил премногу лут по мечот…
„Биелса е тренер кој едноставно мрази да губи. Не е добро да загубите кога ви е тој тренер. Можете да видите како реагира, секако со право. Но, по натпреварот многу зборувавме. Тој силно верува во сите нас, јас знам дека има простор за напредок и дека лично можам и многу подобро. Сега не очекуваат нови тешки дуели, но за нас е добро што имаме и тренер кој не сака да губи. Тогаш знаеме дека може да се вратиме на победничките патеки“ – вели Алиоски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА