Алиоски е „крал на офсајдите“ во Чемпионшип!

Езгијан Алиоски е незаменлив во стартниот тим на Лидс на почетокот од новата сезона во Чемпионшип-дивизијата, во која клубот од „Иланд роуд“ се уште е без пораз по првите осум кола и заслужено се наоѓа на врвот на табелата. Стратегот Марсело Биелса има безрезервна поддршка за Алиоски, македонскиот репрезентативец му возврати со два гола и две асистенции во досегашниот дел од сезоната, но ако има аспект во кој може значително да напредува, тоа е избегнувањето на офсајд замките на противниците.

Имено, англиските статистичари пресметале дека токму Алиоски е фудбалерот со најмногу офсајди во првите осум кола од оваа сезона во Чемпионшип. Македонскиот ас дури 13 пати се нашол во недозволена ситуација, еднаш повеќе од Асамбалонга од Мидлсброу, по што следи голема разлика од Фрејзер Кемпбел на третата позиција во оваа категорија, со само седум офсајд-позиции во првите осум кола.

Алиоски дефинитивно поседува потенцијал за да биде уште подобар, во Биелса има врвен стратег каков што само може да посака за остварување на таа цел, но избегнувањето на офсајд-замките е една од работите на кои ќе треба да посвети дополнително внимание во периодот што следи.

Се вчитува...