Алиоски ги воодушеви Турците: Ќе навивам за вас на СП

Џани Алиоски ги собра симпатиите на турските новинари откако на денешната прес-конференција во Истанбул обелодени дека токму Турција ќе биде негова омилена репрезентација на претстојниот мундијал.

Турците токму на дуелот со Македонија утре ќе се загреваат за настапот на СП 2026, а Алиоски имаше само пофални зборови за квалитетите на селекцијата предводена од Винченцо Монтела. Нашиот лев бек една година со успех настапуваше за Фенербахче, а од Турција има само убави спомени.

„Ќе навивам за вас на Светското првенство Турција секогаш има силна репрезентација. Не само сега, туку и порано. Имаат секогаш силни играчи и силни инвидуалци. Има и играчи кои играа со мене, и јас ќе бидам еден од фановите на Турција на Светското првенство“, истакна Алиоски.

Се вчитува...