Алиоски: Го посакував Роналдо во финалето на азиската ЛШ

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија Езгијан Алиоски заедно со неговиот Ал Ахли се пласираше во финалето на азиската Лига на шампиони.

Во финалето Ал Ахли ќе се сретне со jaпонскиот Кавасаки кој го елиминираше Ал Наср на Кристијано Роналдо. Алиоски вели дека сакал во финалето да игра против Роналдо.

„Обезбедувањето пласман во финалето беше брутално убаво, забавата беше луда. Имаме одличен тим со неверојатни играчи, а тренинзите се на највисоко ниво. Од минатата сезона имаме германски тренери, нутриционисти и физиотерапевти. Се чувствувам убаво на терен, спремен сум како да имам 25 години. Имаме квалитет да го освоиме трофејот, тоа би било фантастично. Едвај го чекам финалето, кое посакував да беше против Кристијано Роналдо. Ако направиме успех тоа ќе биде неверојатно“, изјави Алиоски

Се вчитува...