Алиоски и Ал Ахли ја освоија азиската Лига на шампиони! (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгијан Алиоски и неговиот Ал Ахли стигнаа до трофејот во азиската Лига на шампиони.

Во финалето кое што се играше во Џеда, Алиоски и соиграчите славеа над јапонскиот Кавасаки со 2-0. Клубот од Саудиска Арабија поведе со 1-0 со голот на Галено во 35. минута. Конечните 2-0 ги постави Кеси во 42. минута.

Алиоски како и на претходните натпревар почна од првата минута и го одигра цел меч.

 

Al-Ahli [2] -0 Kawasaki Goal Kessie 42'
byu/Puzzled-Category-954 insoccer

Се вчитува...