„Алиоски ме направи среќен, последниот разговор со него ми дава надеж дека ќе остане во Лидс“

Спортскиот директор на англискиот премиерлигаш Лидс, Виктор Орта, чие прво засилување откако дојде на „Еланд роуд“ беше македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски најави пресврт во преговорите со левиот бек и можно останување во тимот и после 30 јуни, иако до пред неколку недели сите најави беа дека ќе си замине.

За потсетување, Алиоски дојде во Лидс во летото 2017 година за безмалку три милиони фунти и стана еден од милениците и на соиграчите и на навивачите, најмногу и поради своите лудории, но и поради пожртвуваноста за дресот, а сезонава првпат играше Премиерлига откако клубот ланското лето се врати во елитата после деценија ипол.

Орта сега признава дека имал разговор „лице во лице“ со Алиоски и бил пресреќен од одговорите што ги добил од македонскиот репрезентативец, додавајќи дека е горд на Алиоски на начинот на кој ја доигра сезоната и покрај комплетниот притисок кој го носеше на свој грб дека ќе си замине од клубот.

„Не знам дали Џани ќе остане, има договор до 30 јуни. Тој ја разбира нашата позиција, а јас ја разбирам неговата позиција. Во последните два дена имавме многу добар разговор ‘лице во лице’. Тоа беше навистина неопходно. Јас го прашав три работи и неговите одговори ме направија – многу среќен! Сега е сѐ на него. Тој треба да реши што во следната сезона, зашто тука не станува збор само за Лидс, туку и за неговиот личен интерес. Но, јас имам само пофални зборови за Алиоски за една работа“, вели Орта, па додава:

Орта додава дека тој настап во последната третина од сезоната го дава верба дека Алиоски на крај ќе потпише нов договор, а дури пред неколку дека Лидс официјално објави дека на македонскиот лев бек му е понудена нова соработка.

„Неговите настапи во тие десет кола многу ме убедија. Ме натераа да размислувам, навистина игра за некој друг тим? Јас знам дека има(ше) понуди, но неговите настапи се показател дека сака да остане. Тоа многу ме прави горд. Начинот на кој ја одигра компелтно целата сезона, тоа е нешто фантастично, неверојатно“, додава Орта.

Се вчитува...