Алиоски: Не го потценуваме противникот, но ги знаеме нашите сили

ЕКИПА во Гибралтар,

Владимир Булатовиќ

Без ниту најмало потценување мора да се пристапи на дуелот против Гибралтар во четврток од 20:45 часот на стартот од УЕФА Лигата на нациите. Крилниот офанзивец Езгијан Алиоски верува во наша победа но потенцира дека мора сериозно да се одговори на предизвикот…

„Во денешниот фудбал не смеете да потцените ниту еден противник. Без разлика кој е и каков е Гибралтар ние мора сериозно да пристапиме на дуелот. Мора да одговориме на зададените задачи на селекторот и да стигнеме до посакуваната победа“ – вели Алиоски.

Офанзивецот на Лидс игра во извонредна форма сезонава…

„Сето тоа е благодарение и на новиот тренер на Лидс, искусниот Биелса. Внесе огромна свежина во нашиот тим кој е истиот од минатата сезона, но се гледам огромна разлика во играта, во пристапот и на крајот и во резултатите. Секако едно такво тренерско име влијае и на мојата игра. Се чувствувам одлично и верувам дека формата ќе ја пренесам и во репрезентативниот дрес на дуелот против Гибралтар“ – истакнува Алиоски.

Се вчитува...