Алиоски не запира – нова „бомба“ за нова победа на Лугано

Езгијан Алиоски продолжува со одличните настапи во дресот на Лугано, откако македонскиот репрезентативец денеска постигна нов прекрасен погодок со кој му ја донесе на својот тим победата на дуелот со Тун (2-1).

Алиоски беше стрелец на вториот гол за својата екипа, откако со прецизен удар од дваесетина метри откосо одлично биеше, сместувајќи ја топката крај првиот дирек во мрежата на гостите. За Алиоски ова е 14. гол сезонава, па Македонецот неслучајно се наоѓа на листата со желби на неколку клубови од Италија и од Германија.

Само за потсетување, Алиоски минатото коло испиша историја во швајцарското првенство, откако постигна хет-трик за само осум минути при победата од 4-2 над Сион.

Ezgijan Alioski Goal HD – FC Lugano 2-0 FC Thun… by smoki-bobi

Се вчитува...