Алиоски: Оваа генерација може да направи нешто големо

Македонија оствари две победи на стартот од Лигата на нации, а Езгјан Алиоски погоди на двата меча. И на гостувањето против Гибралтар (0-2) и на уште поважниот триумф против Ерменија во Скопје, фудбалерот на Лидс јунајтед ја затресе противничката мрежа. Тој вели дека оваа генерација на Македонија може да направи нешто големо, затоа што има квалитет, но и огромна самодоверба.

„Среќен сум поради головите, но тие се лично постигнување, а јас сум многу порадосен поради двете победи што ги остваривме на стартот од Лигата на нации. И можеби на некого му изгледа дека тоа е рутински, но верувајте дека го вложивме максимумот, и долго се подготвуваме за ова. Одигравме мудро на двата меча, најважни се победите и затоа сме сите навистина среќни. Сега се чувствува една огромна самодоверба меѓу сите нас, и веруваме дека оваа генерација може да направи нешто големо. Но, нема залетување, ќе одиме чекор по чекор и сакаме да ги победиме сите натпревари во групата за да го освоиме првото место“, изјави Езгјан Алиоски по триумфот над Ерменија, во кој постигна погодок од белата точка.

Се вчитува...