Алиоски се врати во првиот тим, Лидс се врати на победите

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски се врати во првиот тим на Лидс јунајтед, по паузата во претходното коло, па неговиот тим славеше со 0-3 на гостувањето против Бристол сити во 13. коло од Чемпионшип лигата.

Алиоски одигра квалитетни 70 минути за Лидс, кој до триумфот стигна со два гола на Шпанецот Саинц и еден на Ласога.

По оваа победа, Лидс го прескокна Бристол сити на табелата, па со 23 бода сега е на четвртата позиција, со три бода заостанување зад водечкиот Вулверхемптон.

Се вчитува...