Алиоски: Штета.., ќе беше тоа убав гол!

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски остана за малку без прекрасен погодок на дуелот на неговиот Лидс против Ипсвич во англиската Чемпионшип лига.

Лидс славеше против Ипсвич со 2-0, а Алиоски и самиот можеше да се запише во листата на стрелците. Но, дирекот спречи негов погодок по одличниот шут во 76.минута од средбата.

„Најважно е што победивме и повторно се вративме на врвот од табелата во лигата. Продолжуваме со нашите амбиции за оваа сезона. Посакував со гол за Лидс да се вратам и по настапите во репрезентацијата. Штета, за дирекот… Можеше да биде тоа убав погодок. Но, искрено се надевам дека ќе имам повеќе шанси и за погодоци на следните натпревари“ – вели Алиоски по мечот со Ипсвич.

Се вчитува...