Алиоски со асистенција спречи пораз на Лидс (видео)

Лидс јунајтед ремизираше 1-1 на домашен терен против Брентфорд, во пресметката на две екипи од горниот дел на табелата во Чемпионшип-дивизијата.

Македонскиот репрезентативец имаше значаен удел во бодот на својот тим, откако токму по негова асистенција домаќините успеаја да израмнат во самиот финиш преку Јансон во 88. минута. Алиоски упати одличен центаршут и во 92. минута, кога Бејкер се најде во идеална ситуација да реализира за целосен пресврт, но обидот на фудбалерот на Лидс беше за малку непрецизен.

Се вчитува...