Алиоски стрелец, Лидс загуби од Бирмингем (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски беше стрелец на единствениот погодок за Лидс јунајтед во денешниот пораз (1-2) на домашен терен од Бирмингем. Тој во 85.минута ја погоди противничката мрежа со одмерен удар откосо од левата страна, погодувајќи во спротивниот агол од голот на Бирмингем.

Гостите дојдоа до предност од 0-2 во првото полувреме, со головите на Че Адамс во осмата и во 28.минута.

 

Се вчитува...