Алиоски знае и со глава: Втор гол во дресот на Лидс… (видео)

Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски го запиша и својот втор гол во дресот на Лидс сезонава, израмнувајќи на 1-1 во пресметката против Брентфорд од 17. коло во Чемпионшип лигата на Англија.

Алиоски, кој го стартуваше мечот за Лидс, постигна гол со глава во 67. минута за израмнување на резултатот…

Македонскиот фудбалер во 80. минута ја напушти играта, за да во 85. минута Брентфорд повторно дојде до водство од 2-1 со голот на Барбет.

Се вчитува...