Алисон Бекер поради повреда го пропушта Суперкупот на Европа

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, потврди дека нема да може да смета на Алисон Бекер на УЕФА Суперкупот, во кој неговиот тим ќе се сретне со Челси. Европскиот шампион со победа над Норич (4-1) ја отвори новата сезона во Премиер-лигата. Сепак, не беше се така добро за „црвените“ бидејќи во 38. минута Алисон мораше да биде заменет поради повреда на листот на ногата.

„Треба да видиме колку е повредата сериозна и што треба понатаму да се прави. Алисон го повреди листот и не можеше да продолжи. Ќе видиме што ќе покажат дополнителните прегледи, но можам со сигурност да ви кажам, тој нема да игра против Челси во Суперкупот на Европа“. 

Суперкупот на УЕФА, дуелот меѓу победникот на ЛШ и најдобриот во Лига Европа, на програмата е закажан за в среда.

Се вчитува...