Алисон со медал и нов рекорд ја истрча последната трка во кариерата

Алисон Феликс денеска ја истрча последната трка во кариерата, успевајќи да освои бронзен медал на 4 пати по 400 метри штафета, а притоа и поставувајќи апсолутен рекорд на Светските првенства во атлетика.

За Американката ова е 19-ти медал на Светските првенства, а периодот од првиот медал и овој сега што според најавите го освои во последната трка во кариерата е 17 години, што е најдолг период во историјата на Мундијалите во атлетика.

Во блескавата кариера, Алисон освојуваше медали на 8 Светски првенства, а во трката на 4Х400 метри штафета сепак мораше да им честита на атлетичарките на Доминиканската република кои го освоија златото.

Се вчитува...