Aлкараз без проблеми до полуфинале во Токио

Карлос Алкараз се пласираше во полуфиналето на АТП-турнирот во Токио.

Тој го елиминираше Денис Шаповалов во текот на изминатата ноќ. Поточно, Канаѓанецот го предаде мечот поради повреда по еден час и 22 минути игра. Алкараз го освои првиот сет со 7-5, а во вториот имаше предност од 2-1 пред Шаповалов да одлучи да се повлече.

Во полуфиналето, Карлос Алкараз ќе игра против својот сонародник Хаиме Мунар, кој во четвртфиналето го совлада Французинот Жак.

Се вчитува...