Алкараз: Имав среќа што Ѓоковиќ не играше на УС Опен

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз кој го освои Грен слемот во САД, призна дека имаше среќа што српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ не играл на турнирот.

Алкараз пред три дена за првпат го освои УС Опен, во финалето совладувајќи го Каспер Руд од Норвешка со 3-1 во сетови. Младиот тенисер така го презеде и првото место на АТП листата.

„Не сакам и себе да си ги одземам заслугите, но вистината е дека Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер играа во најсилна конкуренција. Имав среќа, или како сакате кажете, тоа што Ѓоковиќ не можеше да игра на УС Опен. Секој има свои причини, но тоа е реалноста“, рече Алкараз. 

Шпанскиот тенисер рече дека напорно работел да стигне до првото место на АТП листата.

„Ѓоковиќ некое време не можеше многу да игра. Надал играше, но не цела година. Реков дека нема да си ги одземам заслугите од себе. Играв цела сезона, имав неверојатни натпревари и неверојатни турнири. Работев напорно за да се случат вакви работи“, рече Алкараз. 

Се вчитува...