„Алкараз мисли само на тоа како да заработи повеќе пари“

Легендарниот тенисер Џими Конорс се осврна на можноста Карлос Алкараз да игра многу егзибициски натпревари и тоа подоцна да остави трага врз неговите резултати на АТП турнејата.

Шпанецот учествуваше на Лејвер Купот во Сан Франциско оваа есен. Потоа на Слемот на шесте кралеви во Ријад, а потоа на Мастерсот во Париз загуби веќе во второто коло и тој неуспех речиси го чинеше првото место на светската листа.

„Да, ова е време да се заработат многу пари. Како да нема доволно заработено доесега. Сепак, повеќе е секогаш подобро. Ќе биде интересно да се види дали ќе игра повеќе егзибициски натпревари и ќе пристигне во Австралија уморен“, изјави Конорс.

Се вчитува...