Алкараз: Ова беше битка против самиот себе, не можев да го издржам притисокот

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во второто коло на Мастерсот во Монтреал, а подобар од него беше Томи Пол. Четвртиот тенисер во светот по мечот изјави дека не успеал да игра под притисок.

Елиминацијата на Алкараз не е единственото изненадување на турнирот во Монтреал, елиминирани се и Данил Медведев, Андреј Рубљов, Стефанос Циципас. 19-годишникот истакна дека чувствувал голем притисок и дека тоа го спречило да ја пронајде својата игра кога е најпотребно.

„Лут сум, донесов лоши одлуки и тоа ме фрустрира. Лут сум затоа што не играв тенис како што знам. Ова беше првпат да не го издржам притисокот и да не го контролирам. Го почувствував притисокот да бидам втор носител на турнирот и четврти тенисер во светот. Томи одигра одлично, а јас не одиграв добро. Ова беше битка против самиот себе“, изјави искрено Алкараз.

Сепак, Пол по елиминацијата на Алкараз ќе се сретне со Марин Чилиќ.

Се вчитува...