Алкараз под знак прашалник за настапот во Дејвис купот

Карлос Алкараз имаше проблеми со повреди за време на завршниот Мастерс во Торино, што може да влијае на неговите понатамошни настапи.

Шпанскиот тенисер го мачи карличната коска, поради која неколку пати бараше лекарска помош во Торино. Алкараз откри дека е под знак прашалник за Дејвис купот.

„Одам во Болоња и ќе видам дали ќе можам да играм таму. Ќе се обидеме се да се опоравиме и да го дадем најдоброто од себе“, изјави Алкараз. 

Шпанија ќе се сретне со Чешка која доаѓа во силен состав со Лехечка, Махач, Меншик, Коприва и Павлашек. Покрај Алкараз во тимот на Шпанија се Мунар, Карењо-Буста, Мартинес и Гранолјерс.

Се вчитува...