Најдобриот тенисер на денешницата Карлос Алкараз е вториот финалист на АТП завршниот турнир кој се игра во италијанскиот град, Торино. Шпанецот вчера во второто полуфинале без проблеми славеше против канадскиот тенисер, Феликс Оже Алијасим со максимални 2-0 по сетови 6-2 и 6-4.
Тој во финалниот меч кој е закажан во 18 часот ќе се сретне со својот најголем ривал, домашниот Јаник Синер на кого му ја препушта фаворитската улога.
„Синер е фаворит за освојување на турнирот. Фактот дека сум прв на светската листа само кажува дека цела година играм добро на сите подлоги. Но, тој е најдобар во сала, а ќе игра и на домашен терен. Затоа мора тој да биде фаворит во финалето“, изјави Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

