Алонсо знае што треба да се поправи по примените 12 гола во Премиер лигата: Одбраната е темелот…

Екипата на Челси синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Брентфорд во натпревар од петтото коло во Премиер лигата.

По пет кола, Челси има учинок од две победи, едно реми и два порази, а менаџерот на „сините“, Чаби Алонсо не го криеше разочарувањето од поразот.

За Шпанецот на клупата на Челси, најголем проблем на тимот е одбраната. На сите пет натпревари, Челси не успеа да ја зачува сопствената мрежа. Екипата прими дури 12 гола на петте натпревари во Премиер лигата и засега ја има најслабата одбрана во целата лига.

„Одбраната е темел, мораме да бидеме подобри во тој дел од играта, мораме да биде цврсти и ефикасни во извршување на одбранбените задачи. Тоа ќе дојде, сè уште е рано и имаме време да работиме на подобрување на некои работи“, изјави Алонсо.

Според Шпанецот, екипата се уште бара рамнотежа помеѓу напаѓачкиот фудбал кој го негува и сигурноста во одбраната.

„Мораме да ја процениме целата екипа, немавме доволно континуитет во средниот ред, против Брентфорд одигравме добри 45 минути. Мораме да најдеме начин да бидеме конкурентни“.

Се вчитува...