Алтипармаковски стана првак на Литванија

Марјан Алтипармаковски има причина за задоволство откако со својот тим Судува денеска ја прослави титулата во литванскиот шампионат.

Судува водеше жестока борба за трофејот се до последното коло, кога го играше дербито против Жалгирис. Тимот на Алтипармаковски славеше со убедливи 3-0, па така со стил ја осигура шампионската титула.

Македонскиот напаѓач, кој сезонава на 21 натпревар постигна пет погодоци за Судува, од здравствени причини не беше во комбинација за дуелот со Жалгирис.

Се вчитува...