Алушовски утре ги строи вардарци кои не се на ЕП

Со новиот тренер Стевче Алушовски, македонскиот, регионалниот и европски шампион Вардар утре ќе ја има првата прозивка на екипата со што ќе почнат подготовките за пролетниот дел од сезоната. Подготовките ќе ги почнат играчите кои не се со репрезентативни обврски со националните тимови на Европското првенство.

На екипата треба да и се приклучи и Жозе де Толедо кој имаше операција и го пропушти првиот дел од сезоната. Тој ќе има дополнителни медицински прегледи по што ќе добие дозвола кога и со каков интензитет ќе се приклучи.

„Ќе имаме помош и од некои играчи од екипата на Вардар јуниор кои и досега тренираа со нас. Оваа седмица ќе тренираме тука, а како ќе се комплетираме така и ќе се зголемува интензитетот. Оние играчи од ЕП ќе треба и да се одморат, но и да бидеме секако подготвени за следните четири меча во ЛШ, вели Стевче Алушовски“ – вели  тренерот на Вардар.

Првиот дуел за Вардар во вториот дел од сезоната е закажан на 5 февруари, против Кил во Лигата на шампионите. Потоа ќе треба да се соочи и со Мотор Запорожје, Порто и со Монпелје во завршното коло од групната фаза. Вардар има обезбедено пласман во осминафиналето. Во СЕХА лигата „црвено-црните“ имаат директен пласман во четвртфиналето и ќе го чекаат исходот од осминафиналната преметка меѓу Еурофарм и Нексе за противник во двомечот за место на Ф4 турнирот. Од март, Вардар заедно со Еурофарм ќе се приклучи и во домашното првенство.

 

 

 

 

Се вчитува...