Амаре Стадемаер потпиша за Макаби Тел Авив

Израелскиот гигант Макаби Тел Авив ја доведе ѕвездата од НБА – лигата, Амаре Стадемаер, до крајот на сезоната како засилување во јуришот на европската титула и одбрана на круната во домашниот шамшионат. 37-годишниот Стадемаер доаѓа по повредите на Тарик Блек и на Омар Каспи и треба да ја засили играта на тимот под кошевите.

„Стадемаер дојде да му помогне на тимот во првенството на Израел и во Евролигата. Му посакуваме добредојде во семејството на Макаби. Ова е одлично засилување за нас и сакам да им заблагодарам на сопствениците“, изјави тренерот Јанис Сфаропулос.

Стадемарер последно играше во кинескиот Фужијан, а од крајот на октомври беше без клуб.

Се вчитува...